Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со максимална температура која ќе се движи од 33 до 40 степени.

И во Скопје ќе биде многу топло со температури до 39 степени и со слаб ветер од северен правец.

За утре се очекува зголемена облачност и развој на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи и опаѓање на температурите за 5-6 степени.