„Жива библиотека“ (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Низ галерија со фотографии, ви пренесуваме дел од атмосферата на настанот „Жива библиотека“ кој вчера се одржа во Скопје во организација на Асоцијацијата на советници за развој на кариера Скопје, а под покровителство на Вишеградскиот фонд.

Впечатоците на посетителите, како и на „живите книги„ се дека ова е еден многу интересен и уникатен настан на кој доаѓа до израз интимниот и искрен разговор, личното поврзување и учење од искуствата на реални личности кои имаат своја приказна.

Прекрасни муабети, инспиративни приказни, вмрежување, поврзување и нови искуства така дел од учесниците го опишаа вчерашниот настан на кој беа присутни 10-те „живи книги“ кои неуморно раскажуваа за гејмерството, за животот со церебрална парализа, за поддршката и препознавањето на формите на насилство врз жени и деца, за филантропијата, за одгледувањето на храна во општествена градина, за необичниот спорт наречен гимнастика на коњ, за новите начини за наоѓање пракса и работа и за женската истрајност и борба со различните животни предизвици.

Како што најавија организаторите, наесен се планира уште еден ваков онлајн настан на кој ќе бидат присутни „живи книги“ од сите 8 земји учеснички во проектот „Жива библиотека“.