Британски принц, а сега веќе Крал Чарлс Трети, при една посета на Романија се заљубил во трансилванското село Вискри и купил имот таму во 2006 година.

Сега кога принцот стана крал, локалните жители на селото чекаат да го посети новиот монарх, јавува Ројтерс.

Жителите на селото сее собраа на 18 септември за да ја оплакуваат смртта на кралицата Елизабета Втора во дворот на имотот на британскиот монарх.


Живописниот двор каде што се одржа меморијалниот настан е во центарот на имотот во сопственост на новиот британски крал Чарлс III, чии врски со романскиот регион Трансилванија се протегаат со децении.

Чарлс првпат ја посети Трансилванија во 1998 година и рече дека веднаш се заљубил во Романија.

Британскиот крал може да ја следи својата лоза наназад до Влад Тепеш, еден од националните херои на Романија, кој бил познат поради неговиот безмилосен однос кон непријателите.

По неговата посета во 1998 година, тогашниот принц во повеќето години патувал во Романија, обично на пролет. Во видеото од 2020 година, тој рече: „Јас ја запознав и ја сакам толку многу Романија“, додавајќи: „Има уште толку многу што копнеам да истражам“.