Триесет и шест годишен жител на селото Гермија, Битолско признал дека е одговорен за Регионалниот центар за гранични работи Југ го расчисти инцидентот, што се случи на  23 ноември, кога во периодот од 14:00 до 20:00 часот од страна на непознато лице беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција.

Сторител на кривичното дело “оштетување туѓи предмети” е Б.М.(36) од с. Гермија, Битола, кој го признал делото, пренесува МИА.

На 26 ноември, било констатирано дека се изместени и оштетени 105 гранични камења во должина од 12 километри што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин.