Жидас Даскаловски: Никола Димитров лаже

Професорот Жидас Даскаловски тврди дека министерот за надворешни работи Никола Димитров не ја кажува вистината кога зборува за договорот меѓу Македонија и Грција.

“Никола Димитров лаже кога најавува дека во живо ќе одговара на прашања за договорот помеѓу, како што пишува Република Грција и Република Македонија.

Република Македонија во договорот воопшто не се споменува како потписник, за разлика од Република Грција”, пишува експертот на Центарот за истражување и креирање политики и професор на факултетот за безбедност.

Во договорот меѓу Македонија и Грција јужниот сосед е потпишан како прва страна со своето име а Република Македонија фигурира само како втора страна и се именува согласно резолуции на ОН без да се споменува зборот Македонија.

Министерот Димитров пред една недела започна со серија снимени и одговори во живо на прашања на граѓани поврзани со договорот од Преспа.

Првите одговори не минаа добро за него откако на социјалните мрежи доби закани, навреди и клетви.

Министерот Димитров одговараше за името, граѓаните го пцуеа и колнеа (ВИДЕО+ФОТО)