Жестоки критики за насмеаните новинарки што се сликаа со Филипче (ФОТО)

Десетици луѓе на социјалните мрежи упатуваат критики за фотографиите објавени од новогодишна забава на која министерот за правда ги поканил новинарките што водат здравство во македонските редакции.

Забелешките се поврзани со непочитување на протоколите за Ковид, двојните стандарди за маски кај децата а не и кај новинарките и рамнодушноста кај новинарките од тоа што го сработил Филипче годинава.

,,Што фали на горната слика?

За почеток, 22 маски.

Ако ја споредиме со долната,

на сите нас ни фали мозок”, пишува инфлуенсерката Миа Костова која не може да разбере зошто децата мораат со маски на школо а новинарите без маски со министерот.

Нејзиниот пост е споделена фантастични 495 пати.

Дел од реакциите во кои некои граѓани изразуваат гадење.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5094721050540804&id=100000088788870

На обвинувањата за сликањето со Филипче одговори новинарката Менче Точи.

,,Ги симнавме маските за да ги видите лицата на оние што се бореа за вас и ваше добро, цела година. И добро да ги запамтите!

Вака да ви кажам за тие што слегнале од шума и мислат дека Втората светска војна се уште не е завршена 🙂 Од кога постои оваа држава новинарите оделе на новогодишни средби со министрите. И ќе одат без разлика колку критички пишуваат, колку истражувале, вршеле притисок, се расправале. Ние секојдневно праќаме по неколку прашања, се јавуваме комуницираме, нервираме, ама не маваме со камења, ако тоа очекувате. Овие средби се знак на почит и не значат дека се согласуваме со политиките. Никој не е страден за сок или пиво 🙂 Прашајте некој од претходните министри дали сме оделе на средби и колку често, само тогаш немаше селфиња. Ај, сега мирно спијте, јас веќе заспивам, мирно!”, одговара Точи на забелешките од прославата со Филипче.