Стотици жени во  жолти елеци и со балони се собраа денеска во центарот на Париз, еден ден по вчерашниот анти-владин марш во францускиот главен град.

Претежно женската толпа утрово маршираше Плоштадот Бастилја, блокирајќи го сообраќајот, пред да замине кон плоштадот Република, објави Радио Франс Инфо.

Протестите против високите трошоци за живот продолжија осмиот последователен викенд, при што најмалку 50.000 луѓе се собраа низ целата земја. Околу 3.500 демонстранти излегоа на улиците на Париз на 5 јануари.

„Со започнувањето на овие први демонстрации на жените, сакавме да отвориме нов канал за комуникација, бидејќи  медиумите јавуваат само за насилството, заборавајќи ја суштината на проблемот“, вели 42-годишната Карен.

„Денешните демонстрации не се феминистички, но нивната цел е да се покаже една поинаква слика за движењето”, додава таа.