Новата норвешка министерка за здравство, Силви Листауг, предизвика жестоки полемики кога јавно изјави дека луѓето треба да си допуштат да јадат, пијат и пушат колку што сакаат, пренесе Би-би-си.

Листауг исто така рекла дека пушачите се толку етикетирани што веќе станале одметници во општеството.

„Моето разбирање за јавното здравје е многу едноставно. Не мислам да бидам морален полицаец и да им кажувам на луѓето како да ги живеат своите животи, но имам намера да им овозможам релевантни информации врз основа на кои самите ќе си одлучат“, изјави министерката за телевизијата НРК.