Жена-полковник е аѓутант на Врховниот командант Пендаровски

Претседателот на државата Стево Пендаровски ја постави полковник Билјана Блажеска за Аѓутант на Врховниот командант на Вооружените сили во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Пендаровски, за време на одбележувањето на Денот на Армијата со Орден за воени заслуги ги одликуваше Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје и Сквадронот на транспортни хеликоптери од Воздухопловната бригада од Здружената оперативна команда при Армијата на Република Северна Македонија.

Тој даде ветување дека како врховен командант ќе инсистира на подобрување на животниот и професионалниот стандард на војниците, како и поддршка на реформите во одбраната, јавува Радио слободна Европа