Железничарите бараат плата за октомври – утре штрајк

Од утре во 7 часот ќелезничкиот сообраќај во земјава ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.

Како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.

Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемврриската плата. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата.