Со новите измени во Законот за работни односи се предлага жените да одат во пензија на 62 години, но доколку сакаат да може да работат до 64, односно до истата старосна граница како и мажите.
Предлогот на законот е во Собрание, а суштината е во тоа што пензионирањето со завршени 64 години ќе биде задолжително.
Со законските измени сепредвидува дека договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, за мажи, односно 62 години живот за жени и најмалку 15 години пензиски стаж.
Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, за „Слободен печат“ вели дека во пензискиот закон станува збор за позитивна дискриминација, односно дека жената ако сака може да оди во пензија на 62 години, но ако не сака, таа може да го извести работодавачот дека сака да работи до 64 години.