Сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, во синоќежното гостување на Топ тема на Телма вели дека нема да прифати спогодба за евентуалното обвинение од ОЈО за делото „осомничен за измама на пациенти“

Тој не може да ги објасни мотивите зошто некој, како што рече „ги изманипулирал луѓето“ преку емисијата на ИРЛ „Нечиста крв“.

Ќе се докажувам на суд ако треба сто години…Никого не сум измамил, ниту сум имал намера и мисла, се што правам е од срце за овој народ“, вели д-р Митрев.

Вели дека против него била перфекектно организирана хајка, а негативна за клиниката, и дека токму тогаш стигнале одеднаш 4 до 5 понуди за откупување на управувачки пакет од 51 отсто од клиниката, по цени кои биле сосема неприфатливи.

„Всушност, тоа беа толку силни и оркестрирани напади, што беа еден вид непријателско преземање“, рече д-р Митрев.

Тој отфрли некои шпекулации и рече дека до него, се до денеска, не стигнале никакви понуди ниту од Заев ниту од Филипче ниту од блиски до нив за купување на клиниката.

„Ајде да погодиме кој стои позади тоа, и дали тоа не беше смислено намерно“, рече Митрев, додавајќи дека не се толку во прашање конкурентски болници, туку странски фондови.

Тој не беше конкретен дали зад сето ова стои извесен американски фонд со потекло од Албанија.

Д-р Митрев нагласи дека и порано имало понуди за купување на удел од клиниката, но тој е емотивно врзан за неа, бидејќи „ја дигнал од зелена трева, и ниту од некого ја наследил, ниту некој му ја подарил, а за неа се уште плаќа и кредити“.

„Или да ми ја купат болницата, или да ме ‚ликвидираат’ за да може некој таа болница потоа да ја преземе“, рече Митрев.