Во божикната честитка објавена на социјалната мрежа Фејсбук, д-р Жан Митрев вели дека минатата годинаИстражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) му нанела многу неправда со, како што вели, со „организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми“ за работењето на неговата Клиника.

Обвинителсѝтвото отвори истрага поо сторијата на ИРЛ за „Жан Митрев“

Да потсетиме, во документарната емисија „Нечиста крв“, ИРЛ објавуви дека клиниката „Жан Митрев“ вршела клиничка студија со методот на хемофилтрација но без да пријави и без да има дозвола за тоа…

Др Митрев, во објавата вели дека им простува и дека ја повлекува тужбата што ја поднел против ИРЛ.

„Простување
Денес е ден кога Христос се роди.
Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото.
Денес е денот кога се што ни се случило лошо сакаме да го заборавиме.
Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро.
Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо.
Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. За тоа поднесов и тужба против нив“.
Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината.
Но, за се што сториле Бог нека им суди.

Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам
За многу години“, пишува Жен Митрев во објавата на Фејсбук