„ Османи да оди да ги праша Албанците дали прифаќаат во државјанството да бидат именувани како Македонци. Ако најде некој да го поддржи тоа, тогаш и ние ќе го поддржиме“ изјави денеска пратеникот на движењето Беса Фадил Зендели реплицирајќи на обвинувањата на вицепремиерот Бујар Османи.

Бујар Османи претходно денеска рече дека не верува дека албански партии би можеле да бидат против уставните измени, пред се поради тоа што тие најмногу посакуваат членство во НАТО и ЕУ:.

Зендели рече дека од Беса не се кочничари.

„Ние двајцата пратеници од БЕСА ја поддржавме иницијалната постапка за уставните измени, но во текот на процесот се променија правилата на игра, се додадоа и некои нови работи кои за нас се спорни.

Затоа одговорност треба да преземат тие што ги менуваат правилата на играта, наметнуваат нови правила, што не беа дел од уставните измени, ниту од дебатата за уставните измени“, рече Зендели.