„Пратеникот на Движењето БЕСА Фадил Зендели вели дека последните случувања во ДУИ ја одразуваат внатрешната криза, што ја доживува овој политичка партија.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ ги пренесува искажувањата на овојпратеник на опозициската Беса: „Тоа се политички случувања, кои траат веќе две години, но без никаков ефект на албанската политичка сцена. ДУИ доживува внатрешна криза, го доживува злото, кое го има во себе веќе подолго време.“

„Колку и да се обидува раководството на ДУИ да ги контролира групите преку интересите, тоа оди тешко и во одредени моменти излегува надвор од контролата, што може да се каже сега и за активностите на групата на незадоволните.’ – нагласи пратеникот на Беса Фадил Зендели.“