Зеленски во Херсон: Вели дека е подготвен за мир во целата земја

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го посети стратешки важниот украински град Херсон.

Руските окупациски трупи го напуштија Херсон пред неколку дена.

Претседателот Зеленски им се заблагодари на НАТО и другите сојузници за помошта во војната против Русија, пренесува Ројтерс.

„Одиме напред“, им рече Зеленски на наредените украински војници.

„Навистина сум среќен, може да се види од реакцијата на луѓето, нивната реакција не е исценирана“,

рече тој во коментарите на кои сведочеше дописникот на Ројтерс од Херсон.

Запрашан каде може следно да напредуваат украинските сили, тој рече:

„Не кон Москва… Не сме заинтересирани за териториите на другите земји“.

Подготвени сме за мир, мир во целата земја“, рече тој.