Украинскиот претседател Зеленски пристигнал во Полска со воз и се качил во авионот што ќе го однесе во САД, објави Би-Би-Си.

Детали за неговото патување не беа објавени, со оглед на безбедносните ризици, но тој беше виден железничка станица во близина на полско-украинската граница..

Ова е прв пат Зеленски да ја напушти својата земја во последните 300 дена откако Русија започна војна против Украина.

Зеленски пристигнал со воз во градот Пжемисл.

Си-Ен-Ен јавува дека бил виден како влегува во бел теренец, кој го однел на аеродромот во Жешов. Тој одлета во САД во друштво на американската амбасадорка во Украина, Бриџит Ен Бринк.

Зеленски во САД ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден кој денеска ќе објави дека САД испраќаат серија моќни ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина.