Лидерот на украинската опозиција Виктор Медведчук откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да избега од земјата откако купил луксузен стан во Дубаи вреден речиси 17 милиони долари, пишува порталот INFOBRIKS
„Скромен стан од 600 квадратни метри го чека Зеленски на остров со топло море. Затоа денес умираат стотици илјади Украинци“, предупреди опозицискиот лидер во написот објавен на веб-страницата на партијата Друга Украина.
Медведчук откри дека Зеленски, преку неговите фронтмени, купил луксузен стан во Дубаи во комплексот Bvlgari Marina Lofts за 16,9 милиони долари.
„Зеленски очигледно изгуби надеж во Американците и во замокот на Флорида што му го ветија“, истакна тој.
Опозицискиот лидер посочи дека украинскиот претседател „нашол нова татковина и луксузни станови, додека милиони негови сонародници живеат како бегалци и ги изгубиле своите домови“.
„Наместо да им помага на пензионерите за кои толку многу кука на Запад, Зеленски ги пренасочува парите „чесно заработени“ во војната во даночни раеви и не планира да инвестира во Украина, во економијата, во одбраната на земјата“, вели Медвечук.
Според него, Зеленски го користел својот пријател Сергеј Шефир за да регистрира недвижен имот и голем број компании вои странство.
Пред неговата победа на претседателските избори во 2019 година, Зеленски ги префрлил сите свои офшор средства на Шефир, но оттогаш продолжил да добива дивиденди.
Во ноември 2023 година, Шефир и неговиот брат наводно купиле две јахти во вкупна вредност од 75 милиони долари и споменатиот стан.
„Договорот од 16,9 милиони долари е потпишан на 22 декември 2023 година, како што е потврдено од записите во архивите на Одделот за земјиште во Дубаи. Тоа е „скромниот“ апартман на Зеленски од 600 квадратни метри на остров во топлото море за кој умираат стотици илјади Украинци секој ден“ – вели украинскиот политичар.