Русија го отфрли мировниот план од 10 точки на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека предлозите за прекин на конфликтот во Украина мора да ја земат предвид „денешната реалност“ на четирите украински региони кои и се приклучија на Русија.
Планот на Зеленскѕ, меѓу другото, предвидува повлекување на руските трупи од меѓународно признатата територија на Украина, што би значело Москва да се откаже и од четирите региони за кои тврди дека ги анектираше и од Крим, кој го зазеде во 2014 година.
„Не може да има мировен план за Украина кој не ја зема предвид денешната реалност во однос на руската територија, со влегувањето на четири региони во Русија. Плановите што не ја земаат предвид оваа реалност не можат да бидат мирнодобски“, категорично вели Песков.
Во септември, Русија ги прогласи украинските региони Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје за дел од својата територија по референдумите што ги отфрлија Украина и западните земји. Русија не контролира целосно ниту еден од четирите припоени региони.
Зеленски најпрво го објави својот мировен план од 10 точки во ноември, а потоа разговараше за него со американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери и повика на глобален мировен самит врз основа на него.
