Зеленски погрешил: Не била откриена гробница со 900 тела во Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им рекол на полските новинари дека во регионот на Киев е пронајдена нова масовна гробница со 900 тела, пренесе Би-Би-Си.

Но, неговиот портпарол Сергеј Никифоров вели дека Зеленски погрешил.

Тој тврди дека, иако навистина е откриена нова масовна гробница во регионот на Киев, бројката од 900 тела се однесува на вкупниот број на тела пронајдени во масовните гробници околу Буча, објави украинската новинска агенција Униан.

Во интервју за полски медиуми, Зеленски претходно ги обвини руските војници дека отстрануваат траги и користат мобилни крематориуми за палење тела.

„Никој не знае колку луѓе загинале вкупно. Ќе има последици, ќе има истрага“, рече тој.