Украинскиот претседател Володимир Зеленски е убеден дека благодарение на одбранбените операции на украинските вооружени сили и работата на дипломатите, сигурно ќе биде можно да се ослободат сите делови од Украина окупирани од Русија.

„Не знам дали има барем еден човек кој не го гледал видеото во кое нашите херсонци ги пречекуваат украинските бранители“ изјави синоќа Зеленски.

„Никого не забораваме, никого нема да оставиме зад себе. Благодарение на нашите одбранбени операции и дипломатијата, сигурно ќе стигнеме до нашата државна граница. До сите делови на меѓународно признатата украинска граница“, нагласи Зеленски.

„Тоа ќе биде случај во Хеническ и Мелитопол. Ќе дојдеме и во сите наши градови и села во Донбас. Сигурно ќе ги видиме украинските сили и на Крим“, нагласи Зеленски.