Зеленски кажа што мисли за Макрон, Џонсон и Шолц

Во интервју за „Економист“, украинскиот претседател Володимир Зеленски даде свој коментар за земјите кои ѝ помагаат на неговата земја во борбата со Русија и оние за кои смета дека не помагаат.

Тој го критикуваше францускиот претседател, Емануел Макрон бидејќиФранција не ѝ пружиле воена помош на Украина.


„Зошто? – Затоа што се плашат од Русија. И тоа е тоа. А тие кои први ќе кажат дека ќе помогнат, тие први се плашат“, рече Зеленски.

За британскиот премиер Борис Џонсон Зеленски вели:

„Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој повеќе помага. Челниците на земјите реагираат според однесувањето на нивните гласачи. Во овој случај, Џонсон е пример“. „Британија дефинитивно е на наша страна. Не балансира. Британија не гледа алтернатива за излез од ситуацијата. Британија сака Украина да победи, а Русија да загуби, но не сум подготвен да кажам дали Британија сака да биде вовлечена во војната или не“, оцени Зеленски.

За ставот на германскиот канцелар Олаф Шолц за ситуацијата во Украина Зеленски изрази разбирање:

„Германија се обидува да држи рамнотежа…

Тие, исто така, гледаат како ситуацијата се одразува на нивната земја. Тие можат да помогнат, но постои ризик за нив во земјата ако го сторат тоа и може да престанат кога ќе воочат дека доволно направиле“, вели Зеленски.