Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес се обрати со видео настап пред грчкиот парламент, но настапи заедно со двајца припадници на украинскиот неонацистички баталјон Азов.

Многу пратеници го бојкотираа настапот, а говорот на членовите на Азов беше неочекуван и предизвика политички скандал. Настапот на Зеленски ги проследија само пратениците на владејачката Нова демократија, а повеќето од другите пратеници – не.