Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека донел декрет со кој повикува резервисти.
„Станува збор исклучиво за граѓани распоредени во оперативниот резерват“, рече тој во видео пораката во вторникот вечерта.
„Мораме да ја зголемиме подготвеноста на украинската армија за сите можни промени во оперативното опкружување“, додаде Володимир Зеленски.
Според него, во блиска иднина ќе се одржи тренинг собир на резервисти од територијалниот одбранбен систем.
Зеленски истакна дека „денес нема потреба од општа мобилизација“, „неопходно е брзо комплетирање на украинската армија и другите воени формации“. Претходно, Зеленски рече дека со признавањето на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск, Русија создава законски основи за вооружена агресија против Украина. Тој, исто така, ја нарече ескалацијата на Русија околу Украина предизвик без преседан за светот во целина.
