Зеленски благодарен на Бајден

Украинскиот претседател во денешното бидео-обраќање изрази благодарност до американскиот претседател Џо Бајден за одлуката да се забрани увозот на руска нафта и гас во САД.

„Благодарен сум му на претседателот Бајден. Ова е најсилниот сигнал за цел свет. Едноставно е, секој денар платен на Русија се претвора во куршум или проектил испукан кон суверена држава“, рече Зеленски.