Украинскиот претседател Володимир Зеленски и директорот на ЦИА Вилијам Барнс разговарале за атентатот на основачот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

Ова за ТАСС го изјави Владимир Рогов, претседател на граѓанската групација „Ние сме заедно со Русија“. Според него, тоа се случило за време на посетата на американскиот официјален претставник на Киев минатата недела.

„Едно од барањата што ги искажа Зеленски беше да се убие шефот на ПВК „Вагнер“ – господинот Пригожин“, посочи Рогов пренесува Њуз.бг.

На 20 јануари, координаторот за стратешки односи на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека Вашингтон ќе ја оквалификува компанијата Вагнер како „транснационална криминална организација“ и наскоро ќе воведе повеќе санкции против неа. САД веќе воведоа санкции за компанијата.

Вчера, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека означувањето на „Вагнер“ од Вашингтон како криминална организација веројатно нема да влијае на него и на Русија.