Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од неговите воени команданти да направат планови за формирање на борбена група од еден милион војници вооружени со западно оружје за ослободување на окупираните територии во јужна Украина, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, пренесува Би-Би-Си..

Зеленски издал наредба до армијата да ги ослободи окупираните територии долж брегот на Црното Море на Украина, кои се од витално значење за економијата на земјата, рече Резников.

Украинскиот министер за одбрана рече дека им пишува писма на колегите од сојузничките земји, во кои ќе објасни зошто им треба толку многу оружје. После тоа се чекаат политички одлуки“, рече Резников.