“Зелената” ДУИ бетонира на брегот на Охридското езеро

Со фотографии од бетонски плочи за кои вели дека се нови дивoградби на брегот на Охридското Езеро, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села преку „Фејсбук“ обвини дека зад дивоградбата стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и неговите роднини.

“Исклучително алармантно бетонирање на брегот на Охридското Езеро, светско наследство на УНЕСКО. Граѓаните известуваат за пет викендички кои најверојатно ќе ги градат градоначалникот и неговите роднини во кампот Ливадиште, на земјиште во сопственост на Eлектрани на Македонија (ЕСМ).
Заменик директорот на ЕСМ е од редовите на ДУИ. Овој нов урбан и еколошки криминал доаѓа само неколку недели откако нивната партија го објави своето ребрендирање како зелена партија”, напиша на Фејсбук лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.