Голема е неефикасноста на Јавното претпријатие од Тетово навремено да го собира сметот од сите контејнери поради што кај градските православни гробишта е создадена дива депонија, долга десетици метри и преполна со најразновиден смет, од коски од животни, па сè до мебел од домаќинствата и градежен шут.
Според сдк.мк тетовските комуналци повремено ќе ја исчистат оваа депонија, но за кратко време таа брзо се полни.
„Ваквата слика од ова место се повторува па дури и предизборните месеци не се доволен мотив оваа депонија навреме да се сервисира. Крајно време е тој што ќе управува со Општината во следниот мандат конечно да најде место каде ќе се одложува кабастиот отпад од домаќинствата и посебно градежниот шут“, за порталот вели Валентин Тасевски, кој живее во близината на оваа депонија.
Ваквата слика покрај Православните гробишта е со години наназад. Жителите на Тетово од православна вероисповест често пати се бунат бидејќи е крајно недостоинствено да се погребуваат починатите покрај една ваква депонија од која се шири неподнослива миризба.
Повеќе информации на овој ЛИНК