Зеколи за Агелер: Што сѐ и се случи на амбасадорката на САД а треба да јаде уште 30 вида пастрмајлии

Екс дипломатот и политички аналитичар Арсим Зеколи ги коментира настаните што се случија во земјава откако во Македонија пристигна новата амбасадорка на САД Ангела Агелер.

,,Откога дојде Анџела:

– ДУИ си избра обвинител
– Русо-олигарх доби пасош
– Непотизам процвета во АНБ
– Сашо (Мијалков) најави кам-бек

А уште во 30 града допрва треба да јаде пастрма”, пишува Зеколи кој знае дека за амбасадорот на САД во било која земја е најлоша работа кога лоши работи се случуваат за време на негов/нејзин мандат.

Агелер сега е под силен притисок дури и кога е јасно дека таа објективно не е виновна за работите што се случуваат сега а кои биле подготвувани во времето на нејзината предходничка Брнз.

Почетокот на мандатот на Агелер е еден од најинтензивните според бројот на скандали и антиамерикански поведенија на било која власт во земјава споредено со било кој друг амбасадор на САД од независноста на Македонија.

,,По првиот месец се познава мандатот”, заклучува Зеколи кој и самиот бил амбасадор.

Агелер пред неколку дена објави дека јадела еден од триесетината видови македонски пастрмајлии.