„За лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски Арсим Зеколи вели дека „на неа биле кажани неколку работи, но најважно е она што останало запишано со мали букви, а тоа се уставните измени’.“ – пренесе информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата информација со наслов „Зеколи: Лидерската средба беше за политичка перцепција, ќе има уставни измени“.

Журнал пренесува: „Сцената беше како во филмот ‘Кум’ каде што сите очекуваа и знаеја дека ќе бидат убиени. Но сепак нешто мрдна. Важно е да се остави впечаток, политиката е 95 отсто перцепција и за тоа беше оваа средба. Сите партии се во криза, но има една константа, а тоа е странското влијание.’ – смета Зеколи.“

„Николоски пред средбата јасно ги искажа позициите на американскиот дипломат Крис Марфи, со што јасно се гледа кој е интересот на меѓународната заедница, а тоа се уставните измени.’ – подвлекува Арсим Зеколи.“

„Не се работи за купување време, односно не за членство во ЕУ, туку во Европската политичка заедница, која е замена. Колку и да е камуфлирана со реторика против ДУИ, и натаму е тешко да се разбие коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ-Левица на локално ниво. Истото ќе го слушаме и на централно рамниште“ – смета Арсим Зеколи.“