Остра порака на екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи за можноста поранешната градоначалничка на Тетово од ДУИ Теута Арифи да замине за амбасадорка во Вашингтон.
За Зеколи однесувањето претседателот, владата и американската амбасадорка во Скопје укажува на можност од вакво сценарио.
,,Дали одбраната на Теута од страна на Ковачевски, Ахмети, молкот на Стево, Бујар и лицемерноста на Брнз се назнаки дека секретарката на Фрчко ја токмат за Амб САД?
Ако да, САД Амбасадата да затне муцката за борба против корупција во следни 20 години.
Нема отчет – нема испраќање”, пишува Зеколи за Арифи која се соочува со сериозни обвинувања и индиции за корупција за време на мандатот во Тетово.
Битката против корупцијата е една од главните регионаони цели на американската администрација која ако ја прими Арифи во Вашингтон ќе го загрози и указот на претседателот Бајден кој најави санкции за тие што со корупција ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на регионот.
Пред да стане градоначалничка на Тетово Арифи беше вицепремиер за Евроинтеграции.
Нејзиниот наследник во Тетово Билал Касами излезе со сериозни обвинувања за корупција и непотизам на Арифи.
Дали одбраната на Теута од страна на Ковачевски, Ахмети, молкот на Стево, Бујар и лицемерноста на Брнз се назнаки дека секретарката на Фрчко ја токмат за Амб САД?
Ако да, САД Амбасадата да затне муцката за борба против корупција во следни 20 години.Нема отчет – нема испраќање.
— Kosovari / Косоварот / Kosovan (@ArsZek) February 18, 2022