Зеќир Рамчиловиќ, еден од осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на Уставот, денеска беше избран за нов потпретседател на Собранието.
За него гласаа 62 пратеници, а против беа 12.
Рамчиловиќ на 1 ноември писмено го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека по напуштањето на „8-ката“ ќе дејствува како независен пратеник.
За потпретседател беше предложен од пратенци на ДУИ и СДСМ, на местото на Весел Мемеди кој поднесе оставка.