Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, му порача на Реисот Сулејман Реџепи дека си останува и понатаму криминалец, откако поглаварот на Исламската верска заедница се закани дека ќе ги повика верниците масовно да се молат во верските објекти и со тоа да ги прекршат мерките на владата ако УВЗ не добие конкретна помош.
„Овој РЕЗИЛ место да помогне на граѓаните кои имаат потреба во ова време на криза бара државата него да го помогне… ццц
Криминалецот криминалец останува друго не може да биде!!!
Мрш…“, напиша Зекири на Фејсбук.
Сулејман Реџепи упати закана до вицепремиерот Бујар Османи и до владата дека ќе ги повлечат претходните повици за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и биде одобрена помош.