Професорот Алаудин Зекири од Тетовскиот Универзитет оценува дека воведување еколошка такса од 3,5 денари за литар за нафтените деривати ќе предизвика и низа други ценовни поскапувања, но ие доказ дека буџетот е празен. .

„Имајќи предвид дека нафтените деривати се основен ресурс за репроматеријалите, за производствениот процес, за меѓународниот и внатрешниот транспорт, тоа директно влијае врз ценовните политики на потрошувачките добра. Економијата е жив организам каде што при промена на еден елемент, по автоматизам се менуваат и другите.

Од една страна ние го полниме буџетот, а од друга страна го отежнуваме функционирањето на стопанството“, вели проф. Алаудин Зекири од Тетовскиот Универзитет, за РСЕ.

Проф. Зекири смета дека преземањето на оваа непопуларна мерка е доказ дека државната каса е празна и дека буџетот не е во стабилна кондиција како што не’ уверуваат надлежните.