Албански лингвисти реагираат дека терминот „Илиндитасе”, што македонскиот премиер го употреби за да го преведе предлогот „Република Илинденска Македонија“ нема смисла на албански јазик.
Овој превод е во судир со граматиката на албанскиот литературен јазик, вели професорот Веби Беџети за „Алсат М и објаснува дека „ ако се преведе на албански јазик би било „на Илија“, а не Илиндитасе”
И професорот Фатмир Сулејмани објаснува дека во албанскиот речник не постои терминот Илиндитасе.
“И јас, како и сите Албанци, синоќа го слушнав овој термин за првпат. Секако, ми се чинеше интересно, превод кој нема суштинско значење. Како што знаеме, барем во сите историски документи на Илинден, ние тоа сме го превеле Илиндита. Се чини малку интересно и несоодветно. Мене апсолутно не ми се допаѓа. Требаше да биде име што одразува мултиетничкост, мултиконфесионалност и мултикултурност”, вели професорот Сулејмани, како што пренесе Алсат М.