Збогум на осаменоста со супер-новитетот во Македонија – Soulmate party

За прв пат во Македонија доаѓа концептот кој ќе стави крај на етапата во која многу луѓе се чувствуваат отуѓени, осамени, асоцијални и летаргични. Не се работи за некоја нова мобилна апликација или видео-стриминг сервис, туку напротив, за концепт во кој реални луѓе со реална енергија, лик, глас и стас ќе комуницираат меѓу себе и ќе шират добра, ведра енергија, возбуда и љубов, стои во најавата на новата забава во главниот град.

Време е уште еден новитет да биде промовиран во Скопје, а се вика Соулмејт парти, забава за дружење, добра енергија и ширење љубов. Се работи за концептуални забави на кои со реална активност ќе се спротиставиме на отуѓеноста и алиенизацијата предизвикана од темпото на живот и дигиталното доба. Тука на сцена стапувате вие – време е за акција!
Public Room од Скопје како еден од поголемите културни простори во кој се одржуваат разни културни, научни, едукативни, забавни, научни, промотивни и слични настани од годинава има чест да биде домаќин на овој супер-новитет во Македонија.

Машки и женски, сингл, дубл или екипно сте добредојдени на супер дружење кое има две цели: на едно место да ги спои убавите луѓе кои сакаат да се најдат и сите пријателски расположени кои сакаат да делат убава енергија со добра музика и муабет.
Кратко кажано, сo нашите Соулмејт парти се обидуваме да донесеме повеќе среќа, насмевки и љубов помеѓу скопјани и сите кои се доживуваат или оживуваат како такви ☺

Техничкиот опис на овој вид забави би бил „се работи за единствени забави во Македонија кои во прва линија се обраќаат на лица кои се сингл и кои би сакале да запознаат сродна душа – soul mate.
Ама ваква благородна, забавна, енергична и авантуристичка мисија не може да се опише со технички речник. Туку со јазикот на душата.
Дојдете и проверете. Соулмејт парти во Паблик рум, секој четврток, 21:30.
Повеќе инфо на fb / Public room, најавуваат организаторите на интересниот настан.