Заврши разговорот Заев – Ципрас

Околу 15 часот денеска дошло до разговор меѓу премиерите Заев и Ципрас.

Разговорот траел околу 60 минути.

Според информациите на expres.mk повикот дошол од Скопје во него се направени детални разговори за неколку најважни теми но сеуште има неколну нејаснотии кои што се должат на различната интерпретација на договореното во Сунио, Њујорк и Брисел.

Сеуште нема информација дали оваа недела заев и Ципрас во Преспа ќе се сретнат за да го парафираат договорот кој во 95 насто е готов.

Се очекува наскоро двете влади по координација на своите тимови да објават детали за разговорот што се чекаше цела недела.