Заврши состанокот на Кризниот штаб: Кои се новите мерки против Kовид-19?

Отворање на два нови оддела во болницата ГОБ „8 септември“ за хоспитализација на пациенти со ковид-19, предложиле од Комисијатаза заразни болести на утринскиот состанок на Кризниот штаб.

Поради секојдневниот раст на новозаболени, било предложено проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали.

Во врска со целокупната ситуација со ковид-19 во земјата, се огласи и министерот за внатрешни работи (МВР), Оливер Спасовски кој нагласи дека сè уште нема препораки од Комисијата за заразни болести што би значеле и поригорозни мерки за спречување на ширењето на вирусот. Меѓутоа, како што вели, не е исклучена таква можност во наредниот период во зависност од дневниот број на позитивни лица.

Од МВР и најава за спроведување на поригорозни контроли во наредниот период за почитување на мерките што се на сила.

За 13 часот е најавено обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче и првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски кои во детали ќе информираат за расправата од претпладневниот состанок на Кризниот штаб.