За отчетот на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, околу случајот со македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко, од пратениците и членовите на Комисијата за надзор на работењето на АНБ било побарано да ги остават мобилните пред влезот во Салата.

Без мобилни за време на реферирањето на Димовски пред комисијата за надзор на АНБ

Но, пратеникот Павле Трајанов побара објаснување зошто затворената седница, на која Димовски презентираше доверливи документи „одеше во живо“ на Јутјуб на Собранискиот канал.

По ова спикерот на парламентот Талат Џафери да побара да се испита случајот а дотогаш Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР да не продолжува со работа.

Што е почудно, за салата во која се даваше отчетот на Димовски важи дека нема технички услови за пренос на состаноците.

Додека се чека разврска директорот на АНБ, Димовски, е во Собранието и најави изјава за медиумите.Независен