Затворен за сообраќај булеварот пред Собрание

Затворен за сообраќај е делот од булеварот 11 Октомври пред Собранието, односно од крстосницата кај Црвен Крст до „Палома Бјанка“.



Пред Собранието по вчерашниот протест против францускиот предлог се поставени и шатори и дел од луѓето се пред законодавниот дом.

За денеска напладне е најавен нов сенароден протест против францускиот предлог .

Протестот под мото „Ултиматум – НЕ благодарам“ќе започне во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија.

Во 13 часот во Собранието треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Потоа пратениците ќе расправаат за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе ѝ бидат испорачани на Владата.