Охридскиот шегобиец на Фејсбук, Иљче Затаракоски, му реплицира на лидерот на ВМРО-Народна партија и експремиер Љупчо Георгиевски, кој побара од ТВ Алфа повеќе да не емитува југословенски партизански филмови.
„Добро бе Љубчо, не е проблем, мојме и бугарски партизански филмој да гледаме, само некако слаба продукцијата. Дан знајт некој зш?“, го праша Иљче Љубчота на „писмено-регионална форма на македонскиот јазик“ од охридскиот крај.