Целта на вчера промовирано здружението „Родителски фронт“ во Струмица е заштитата на семјните вредности и против родовата идеологија и индоктринација на децата во образовниот процес. На плоштадот Гоце Делчев во Струмица се собираа потписи на петицијата насловена „За нашите деца“.

„Гласно и јасно ќе зборуваме против родовата идеологија и пропаганда во училиштата. Ние сме тука за да кажеме дека сме закрила на нашите деца и никој освен нас, родителите нема право да одлучува за тоа што ќе учат во училиштата“, изјави Мариета Дукиќ од „Родителски фронт“.

Учебник ја шокира јавноста: Ако хетеросексуалноста е нормална, зошто толку хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?!

Ѓорги Танушев, независен советник во Советот на Општина Струмица, вели дека треба да се поддржи овој настан и да се изрази загриженост за тоа што им се случува на децата.

„Особено со последните материјали што излегоа во јавноста, она што во формалното образование веќе постои треба да се ревидира и во таа смисла треба да се загрижиме што ни учат децата и каква иднина ќе имаме ако ги оставиме работите така да течат“, рече Танушев, за МКД.МК