На вечерашнава прес-конференција по завршување на лидерската средба премиерот Зоран Заев најави како ќе биде обликувано референдумското прашање:
„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“?
За ова тој ги информирал претставниците на партиите кои останаа на средбата откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ја напушти лидерската и побара нова во скратен формат – двете најголеми македонски и двете најголеми албанси партии.
Според премиерот на средбата се разговарало и за тоа референдумот да биде консултативен: .
„Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референудмот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговораме сите кои останавме на средбата до крај, рече премиерот.
За утре на пладне Заев закажа нова лидерска на која очекува да се појави и Мицкоски кој го бараше тоа.