Шефицата на тетовскиот сектор за инспекција Рамије Авзиу која требала да организира инспекциска проверка на градбата на изгорениот Ковид центарот и внатрешните инсталации инспекции е комуниколог.

Авзиу е една од повеќето локални и државни функционери од ДУИ кои имаат морална или политичка одговорност за трагедијата во Тетово која досега не дала оставка од својата позиција.

Шефицата на секторот инспекција во општина Тетово инаку кадар на ДУИ која била и кандидат за пратеник на партијата е примена на работа во 2014 година со образование кое е целосно несоодветно за работата која ја извршува сега.

Вообичаено шефови на инспекции се со економски, правни или технички науки или со долгогодишно искуство во надзор при спроведување и контрола на законски критериуми.

Според документот кој е објавен на социјалните мрежи Авзиу како комуникациски специјалист за седум години во локалната самоуправа во Тетово стигнала до важната позиција прв човек на тетовската инспекција.

Кои се другите функционери кои носат одговорност за трагедијата

Објавени функционерите на ДУИ кои можеле да ја спречат трагедијата во Тетово (ФОТО)