Утре за прв пат со работа ќе започне Македонската берза на електрична енергија, која ќе биде имплементирана и водена од Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ – Скопје. На почетокот берзата на електрична енергија ќе се одвива во границите на земјава и ќе биде по принципот ден-однапред. Досега струја се купуваше само преку тендери и билатерални договори. Овој тип на пазар се очекува да донесе посигурно снадување со струја за големите потрошувачи, поправични цени, помали загуби и поголема транспарентност.
Од МЕМО за „Фактор“ велат дека досега се регистрирани 20 компании-учесници, кои имаат можност да отпочнат со тргување на 10 мај. Станува збор претежnо за снабдувачи со електрична енергија, а меѓу нив се и ЕСМ Продажба, фирмата која купува и продава електрична енергија за најголемиот домашен производител, а тука е и операторот за пренос на електрична енергија МЕПОСО.
Линк до целата анализа.