Спречен шверц со марихуана вредна половина милион евра

Четири лица од кои тројца косовски државјани и еден македонски, се биделе да прошверцуваат околу 150 килограми марихуана во вредност од околу 500 илјади евра.

Дрогата, како што информира МВР, требало да биде транспортирана од Косово преку територијата на земјава, со крајна дестинација – Турција.

„Во попладневните часови на 30.03.2022 на паркинг пред угостителски објект во Штип е забележано паркирано патничко возило ‘ауди А6’, со кумановски  регистарски ознаки, а до возилото биле пријавените И.Д.(50), К.К.(39), двајцата од Подујево, Р Косово и Б.Р.(34) од Куманово. И.Д. и К.К. се обиделе да избегаат, но биле фатени и сите тројца се лишени од слобода“, соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Како што додаваат од Министерството, при прегледот на патничкото возило биле пронајдени вкупно 92 пакувања со марихуана. Дел од нив биле спакувани во патни торби, дел во багажниот простор од возилото во делот за резервната гума и на задните седишта од возилото.

Три лица се приведени, а по четвртиот се трага.