Западен Балкан заседава во Тирана

Самит на земјите од Западен Балкан ќе се одржи денеска во Тирана, а со средбата на врвот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама.

Потврдено е присуството на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановќ, како и премиерите на Македонија, Зоран Заев, на Косово, Албин Курти, на Србија, Ана Брнабиќ, на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

На самитот ќе учествува и евокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји.

На самитот ќе се разговара за постигнатото досега во Берлинскиот процес за заздравување на регионот и подготовките за спроведување на економскиот и план за инвестиции во Западен Балкан што беше договорено на претходниот самит во Софија, кога високите претставници на Западен Балкан се согласија да ја зајакнат економската соработка во регионот, во согласност со вредностите и нормите на ЕУ и да создадат заеднички регионален пазар, со мерки за заштита на животната средина и проекти за зелена економија и енергетика.