Американскиот претседател Џо Бајден следната недела ќе се сретне со лидерите на ЕУ,а една од темите ќе биде и Западен Балкан, јави РТС повикувајќи се на извори во европската дипломатија.

САД очекуваат ЕУ да го преземе водството на Балканот, кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и целокупната политика на проширување, со активна поддршка на Вашингтон.

Соединетите држави и ЕУ ќе го засилат заедничкиот ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалог за нормализирање на односите Белград-Приштина и поддршка на клучните реформи во европската интеграција“, се вели во нацртот на заедничката декларација, што, според РТС, може да се смени до средбата на Бајден со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на 15 јуни во Брисел.

Меѓу бројните прашања од агендата на првата посета на Бајден на Европската Унија, Западен Балкан ќе биде една од темите за кои Брисел и Вашингтон ќе ја нагласат потребата од подобра соработка и координација, дознава РТС.

„САД очекуваат ЕУ да го преземе водството на Балканот, кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и целокупната политика за проширување, со активна поддршка на Вашингтон“, Албанија, верувајќи дека кредибилна политика на проширување на ЕУ е исто така во американски стратешки интерес.

велат дипломатски извори во Брисел.
Иако постојат некои разлики во ставовите на Брисел и Вашингтон кон регионот, администрацијата на претседателот Бајден го дели зголемениот интерес на ЕУ за прашањата на владеењето на правото и слободата на печатот во Западен Балкан, велат изворите од Брисел.