Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур не смета дека Русија е ослабена по деветмесечната војна во Украина.
Според Певкур, иако руските копнени сили изгубиле значителна сила, тие „порано отколку подоцна“ ќе ја вратат својата сила од пред 24 февруари, па дури и таа сила ќе биде поголема, пишува Der Standard.
Певкур, кој беше во Посета на Берлин, вели дека „немаме причина да веруваме дека заканата од Русија е намалена на кој било начин или дека заканата за НАТО е намалена“.
Певкур, исто така, предупреди на „воен замор“ во западните земји и општества.
„Токму тоа сака да го постигне Русија, затоа и не се брза. Русија дефинитивно е подготвена да страда подолго. Неговото мислење дека Русија е „подготвена за долга војна“ се должи на самиот руски менталитет.
На прашањето колку ќе трае војната, Хано Певкур одговори: „Дали ќе поминат години? Тешко е да се каже“.
